Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова
Solzite na sestra mi 1

Solzite na sestra mi 1

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу значајна социјална тема- посвојувањето на деца од Македонија во странство. Содржински опфаќа момент на посвојување на две близначки, но да дојде до тоа писателката прави паралела преку случувања во Македонија и во Франција преку три главни ликови, лекар од Скопје, француски брачен пар и семејството од едно село во Скопска Црна Гора, додаде Алексова.

Директорката на Библиотеката Снежана Бошевска посочи дека Лилјана Зашова е пример дека никогаш не е доцна да се почне со творење па дури и да се напише роман. На авторката и посака овој нејзин прв роман да не биде и последен.

Авторката кажа дека инспирација добила од вистински настан, и веќе размислува за продолжение на романот.Приказната ја имала слушнато пред 20 години но сега одлучила да ја напише и објави. Повеќе години собирала информации и работела на овој роман.

Господинот Благој Зашов, кој што е долгогодишен дипломат на Македонија, франкофон, преведувач од француски на македонски јазик, го збогати настанот со свое обраќање и донирање на свои книги за Француското катче на Библиотеката.

Промоцијата со музички точки ја збогатија учениците Ива Бабуновска и Јулијана Огњановска од музичкото училиште „Стефан Гајдов“. Водител на промоцијата беше Јасмина Ѓорѓиева,а делови од романот читаше Анастасија Ѓорѓиева.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден фото конкурс на тема: „„Книга за во зима“ Фотографиите може да ги испраќаат на нашата меил адреса [email protected] со следните податоци: име и презиме, телефон и возраст....

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден конкурс за 1.Изработка на ликовно-литературна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 2. Поетска или прозна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 3. Поетска или прозна творба на...

Хуманитарна промоција на книгата “Велешки разговорник” од Ивана Јанушева и Ангелина Тутаркова

Хуманитарна промоција на книгата “Велешки разговорник” од Ивана Јанушева и Ангелина Тутаркова

Пред многубројните присутни беше промовирана првата книга од нашите роднокрајни авторки Ивана Јанушева и Ангелина Тутаркова. Овој настан имаше хуманитарна цел, сите собрани средства од книгата ќе бидат донирани за социјално-загрозени семејства од нашиот град.  ...