Промоција на јубилејната 100 та книга „Од дното на душата“ од Вера Благојевиќ Самарјанин

Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на јубилејната 100 та книга на авторката Вера Благојевиќ Самарјанин, „Од дното на душата“

Љубителите на уметноста, на убавиот пишан збор уживаа во нејзините стихови. Таа е еден од најпознатите хуманисти на овие простори.

Добитник е на многубројни признанија за својата хумана работа. Во ова дело, „Од дното на душата“, копнежи излеани во стихозбирката испливуваат поттикнати од нејзиниот престој далеку од домот, одделена од своето родно огниште и најблиските.

Во нејзините песни се опишани копнежите за враќање во родниот град и земја, помеѓу пријателите и роднините.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...