Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, се реализираше проектот „Лето во библиотека“ поддржан од Министерство за култура. Целта на овој проект е да се влијае кај децата и целокупната јавност за поттикување на љубов кон книгата и кон читањето на книги.

Првиот ден децата имаа средба со роднокрајните автори Сања Стојанова и Наташа Брезовска Богоевска. Се запознаа за патот на книгата од идејата на авторот што ја има, како ја пишува книгата, поимот издавачка куќа па се до местото на книгата во библиотечните полици. Од страна на вработен Библиотекар Павлина Најдова имаа запознавање со работата на библиотеката, начинот на кој се редат книгите , како се организирани и начинот на кој се внесуваат во електронскиот каталог на библиотеката.

Децата беа во улога на автори осмислија за тема за што ќе пишуваат во својата книга. На овој ден го креираа насловот, корицата, издавачката куќа и битните податоци за книгата.


„Правописот во македонскиот јазик, основен елемент за добра книга“. Децата пред да ја почнат да ја пишуваат својата книга од страна Снежана Петрова Џамбазова им беше објаснета улогата на лекторот пред да се печати една книга. Имаа работилница за најчестите правописни грешки.

Преку игра препознаваа погрешно напишан збор и ја поправаа грешката. Потоа децата започнаа со пишување на приказната во својата книга.

Третиот ден децата имаа средба со илустраторот Евгенија Андреева која што им објасни колку е важна илустрацијата во една книга, а потоа сами ги внесуваа илустрациите во својата книга. Врската помеѓу авторот и илустраторот е мошне важна за вистинско пренесување на замислата на авторот преку цртеж до читателите. Сите заедно заклучивме дека книгата со илустрации е попривлеча за читателите но тоа не значи дека помалку вредна e онаа којашто нема илустрации.
Учесници во работилницата ги презентираа своите книги. Сите се сложивме дека поминаа прекрасно време во библиотека, си запознаа нови другари и посакаа еден ден да имаат можност да издадат своја книга.
Преку книгите ги дознавме желбите на децата, омиленото хоби и слушнавме убави пораки за мир, другарство, и емпатија. За крај членовите од балетско студио ,,Анабела” не разиграа со една своја кореографија.