Светскиот дена на читањето на глас 01.02.2021

Одбележан е светскиот ден на читањето на глас на ден 01.02.2021

По повод Европската година на гласното читање,прогласена од Европската организација за унапредување на читањетоEU READ, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес заедно со општинските училишта,родителите и учениците организира кампања со методот на гласно читање.

Читањето на глас на книги и сликовници има многу позитивни страни.

-Читањето ја развива детската љубопитност,фантазија и креативност
-Читањето го проширува фондот на зборови кај детето
-Читањето ја зголемува блискоста помеѓу родителот и детето
-Читањето помага во емотивно-социјалниот развој кај детето
-Читањето им овозможува на децата да се запознаат со литературниот јазик

Поради тоа драги наши читатели и љубители на книгата ве покануваме да се вклучите во кампањата ДА ЧИТАМЕ НА ГЛАС.Да ни доставите снимка од вашето гласно читање на книга со вашите најмили. Кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а учество можат да земат децата од градинките, училиштата, јавни личности.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...