По повод 24 Мај- Денот на сесловенските просветители, локалната библиотека ,,Гоце Делчев” – Велес беше посетена од учениците од четврто одделение од ООУ,,Св.Кирил и Методиј” со наставничкте Елена Тодевска и Снежана Стојановиќ.

По повод патрониот празник на нивното училиште како проектна активност учениците пребаруваа и истражуваа книги за Велес и велешко. Се запознаа и се потсетија на многу културно- историски податоци, споменици и значајни личности од Велес. Книгите се чувари на историјата, традицијата и богатството на нашиот град Велес, а библиотеката е топол на книга.

Во рамките на посетата беше реализирана и работилница ,,Азбука на убави зборови” во чест на делото и аманетот оставен од Светите браќа Кирил и Методиј. Учениците изработија книга со убави зборови на секоја буква и сите ветивме дека убавите зборови ќе ни бидат дел од секојдневниот говор.
