Час во библиотека

Учениците од четврто и петто одделение од ООУ„Васил Главинов“ Објект 2, заедно со својот наставник Васко Бојчев на 28.10. 2021 год. ја реализираа  активноста Час во библиотека.

Учениците имаа можност да ги посетат Одделот за деца и Одделот за возрасни, да се запознаат со начинот на кој еден граѓанин може да ги користи услугите на Библиотеката и токму тука, во Медијатеката,  да разговараат за значењето на книгата.

Учениците ја видоа и Специјализираната библиотека „Ратко Пајдаков“  како дел од Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Освен аудиокнигите ги разгледаа и насловите со Брајова азбука кои се наменети за слепите лица.

Инспирирани од активноста цртаа илустрација за насловна страна на книга и твореа песна за книгата. Најдобрите изработки се изложени на Ѕидниот весник во просториите на Библиотеката.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...