„55 Детски Рацинови средби“, младите поети и ликовни уметници твореа во чест на Рацин

Во чест на безвремениот Коста Солев Рацин и годинава се одржаа Детските Рацинови средби. Во салата „Бели Мугри“ во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ по 55-ти пат, на едно место се собраа млади поети од повеќе градови во државата и талентирани ликовни уметници, чии творби и уметнички дела конкурираа на литераутурниот и ликовниот конкурс „Рацин-поет на љубовта и болката“.

И годинава стиховите на Рацин беа инспирација на над стотина ученици од повеќе градови во државата кои се јавија на литаратурниот конкурс, но и на голем број талентирани ликовни уметници кои твореа инспирирани од Рацин.

Градоначалникот Колев им ги врачи наградите на добитниците на Гран при наградите на најдобрите дела од литературниот и ликовниот конкурс. Добитник на наградата Гран-при на Литературниот конкурс е Јана Костовска од Скопје, под менторство на проф. Снежана Станкова,    наградата за песна на тема „Рацин поет на болката и љубовта“ , добитник на Гран при наградата на ликовниот конкурс е Даниела Теова од ООУ „Васил Главинов“ Велес под менторство на Снежана Стефановска.

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, доби Благодарница за посебен придонес и поддршка во реализацијата на „55 Детски Рацинови средби“.

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Доделени дипломи на наградените ученици од поетскиот конкурс „Мајка“

Доделени дипломи на наградените ученици од поетскиот конкурс „Мајка“

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ го одбележаа 8 Март Меѓународниот ден на жената со организирање на пригодна свеченост на тема „Мајка-највозвишената жена во светот“. По повод овој празник беше распишан поетски конкурс од...

Промовиран романот „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска

Промовиран романот „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беше промовиран романот „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска.  Романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“,  влезе во потесниот избор за книжевната награда „Пегаз“ за 2021 година....

Промовирано списанието „Велес“ број 23

Промовирано списанието „Велес“ број 23

Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на списанието „Велес“ број 23, во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Станува збор за книжевно списание чии единствени теми се Велес и велешани, а автори потписници може да бидат...