Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, се организираше Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2022“, на кој учествуваа ученици од основните училишта: ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Панко Брашнаров“, ООУ “Блаже Конески“, ООУ „Тодор Јанев“ Чашка, ООУ „Даме Груев“ Градско и ООУ „Рајко Жинзифов“ с. Оризари. Пријавените ученици подготвувани од нивните ментори се натпреваруваа во знаење од областа на библиотекарството.
Стефанија Тодоровска ученик во ООУ „Тодор Јанев“ Чашка, деветто одделение, со менторот Мирјана Кичукова го освои третото место. Орданче Јаневски ученик во ООУ „Панко Брашнаров“ Велес деветто одделение, со менторот Маргарета Роман Тодорова го освои второто место, додека најдобара беше Ангела Арсовска ученик во ООУ „Тодор Јанев“ Чашка деветто одделение, со менторот Мирјана Кичукова. Со освојувањето на првото место на овој натпревар, Ангела Арсовска се здоби со право да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2022“, кој ќе се одржи на 20 мај во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
Наградените, со дипломите добија и книги како награда за освоеното место, а на другите учесници им беа доделени пофалници за успешно учество на Натпреварот.