Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, се организираше Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2023“, на кој учествуваа ученици од сите основните училишта од Велес, Чашка и Градско.
Ева Ѓорѓиевска ученик во ООУ „Блаже Конески“ Велес, со менторот Саше Андреевски го освои третото место. Леа Павлова ученик во ООУ „Блаже Конески“ Велес исто така со менторот Саше Андреевски го освои второто место, додека најдобра беше Марија Будимова ученик во ООУ „Даме Груев“ Градско, со менторот Лидија Картулкова.
Со освојувањето на првото место на овој натпревар, Марија Будимова се здоби со право да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2023“, кој ќе се одржи на 12 мај во библиотеката „Искра“ во Кочани.
Наградените, со дипломите добија и книги како награда за освоеното место, а на другите учесници им беа доделени пофалници за успешно учество на Натпреварот.