Во организација на Локална библиотека „Гоце Делчев“ и во соработка со Издавачката куќа „Бата прес“, денес во Велес гостуваше познатата турска авторка за деца Ѓулшах Еликбанк, која одржа литературна работилница со ученици од петто одделение од ООУ „Блаже Конески“.

Работилницата беше посветена на книгата „Во заседите на медуза“, дело кое учениците го прочитале со голем интерес заедно со наставничката Рената Миновска. Средбата помина во интерактивна и креативна атмосфера, а учениците разговараа со авторката за содржината на книгата, ликовите и инспирацијата за создавање на едно книжевно дело.

Особено внимание привлече подарокот што учениците ѝ го подарија на авторката – рачно изработена книга со цртежи инспирирани од прочитаното дело, како спомен од посетата во Велес.

Учениците имаа можност директно да ѝ поставуваат прашања на авторката, но и да разговараат со издавачот за процесот на создавање и објавување книги, со што оваа средба прерасна во вистинско книжевно доживување за младите читатели.