Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, во соработка со Клубот на пистаели Велес ученици од средните училиштата како и ученици од ООУ „Кирил и Методиј“ Велес читаа стихови во чест на Светскиот ден на поезијата.

Поезијата е храм на душата. Излив на емоции, скриени желби, тага, радост преточени во стихови. Стихови кажани како издишка, како молитва, како оставштина од поетот до тебе, читателу. Поетите се ковачи на зборот, секоја кованица е нивниот белег.

Белег од душата, притиснат на времето без заборав, белег за памтивек.Се е минливо Поезијата е таа која е безвременска. Уште еднаш да ни е честит Денот на поезијата.